Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс објасни зошто одлучил да премине во Лејкерси

Леброн Џејмс објасни зошто одлучил да премине во Лејкерси

После уште едно изгубено НБА финале со Кливлент, Леброн Џејмс ова лето одлучи да ја искористи опцијата од својот договор и како слободен играч да премине во ЛА Лејкерс.

Младиот тим на Лејкерс така доби огромно засиулување и се очекува веќе наредната сезона да биде сериозен конкурент на Западот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Иако и пред одлуката на Леброн да премине во ЛА се шпекулираше дека може да ги избере Лејкерси, сега и самиот тој објасни зошто токму го избра Лејкерс.

„Ми се допаѓа овој предизвик. Сакам да бидам во можност да помогнам на една екипа да дојде таму каде долго време не била. Познато е дека Лејкерси не изборија плеј-оф минатата година, но самата организација се меѓу најдобрите. За мене е голема работа да бидам дел од нив, како и за моето семејство и кошарката во целост.“ – изјави Леброн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јута броеше до 150, Марканен брутален, но сите зборуваат за потегот на Нуркиќ од втората четвртина (Видео)

Кошаркарите од Јута по продолжението постигнаа победа против Чикаго Булс во натпревар во к…