Дома Останати Кошарка Леброн не можеше „сам“, Вестбрук се разбуди Оклахома славеше, Бруклин е изненадувањето на вечерта

Леброн не можеше „сам“, Вестбрук се разбуди Оклахома славеше, Бруклин е изненадувањето на вечерта

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа десет натпревари, Расел Вестбрук ја врати Оклахома на патеките на успехот, Леброн не можеше само во Бруклин, Хјустон победи на неверојатен начин, Вориорсите под своето ниво, но погодуваа кога беше најпотребно, Сан Антонио лесно помина….

Вориорсите славеа против Торонто, Кари уфрли 30 поени, шампионот погодуваше во финишот кога беше најпотребно. Не беше ова баш најдобар натпревар на Голде Стејт, повторно примија многу поени, правеа грешки, дури 17, но како што кажавме во финишот успеаа да направат разлика и да го избегнат вториот домашен пораз. Де Рожан постигна 24 поени за гостите кои после четири средби имаат две победи и два порази. Голден Стејт –Торонто 117-112.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лејкерси после продолженија успеаа да слават против Визардаси, тим за кој ова беше прв пораз во сезоната. Инагарам постигна 19 поени, додека Лонзо Бал имаше 10 асистенции. Вол се испромашува, натпреварот го одлучи Колдвел-Поп со тројка во последната минута од продолжението. Лејкерси – Вашингтон 102:99.

Погодувате после неколку слаби настапи, Расел Вестбрук се „истури“, а жртвата беше Индијана. Лидерот на Оклахома направи трипл дабл со 28 поени, 16 асистенции, 10 скокови. Пол Џорџ против својот поранашен тим постигна само 10 поени, додека Оладипо на другата страна броеше до 35 против Тандерси каде што настапуваше минатата сезона. Оклахома со оваа победа ја прекина низата од два порази. Оклахома – Индијана 114-96.

Изненадувањето на вечерта е падот на Кливленд во Бруклин. Леброн повторно играше како бек, направи трипл-дабл, 13 асистенции, 10 скокови, имаше и 4 блокади, но поголемиот дел од неговите соиграчи одиграа очајно, исклучок беа Корвер и Џеф Грин кои постигнаа 40 поени. Нетси оваа сезона изгледаат многу подобро од очекуваното имаат скор 3-2, а Спенсер Двинди ги погоди најважните шутевиво вчерера. Бруклин – Кливленд 112:107.

Шарлот – Денвер 110-93

Детроит – Минесота 122-01

Филаделфија – Хјустон 104 – 105

Бруклин – Кливленд 112- 107

Мајами – Сан Антонио 100 – 117

Оклахома – Индијана 114 – 96

Далас – Мемфис 103 – 94

Феникс – Јута 97 – 88

Голден Стејт – Торонто 117-112

Лос Анџелес  – Вашингтон 102 – 99 (после продолженија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ со неверојатниот настап против Литванија израмни рекорд и го освои признанието МВП

Со израмнет рекорд според бројот на реализирани поени на еден натпревар од промена на форм…