Дома Фудбал Италија Леао: Ибра ми помогна најмногу, постојано внимава на мене

Леао: Ибра ми помогна најмногу, постојано внимава на мене

Рафаел Леао минатата сезона буквално „експлодира“ во дресот на Милан и беше прогласен за најдобар играч во Серија А.

Леао и оваа сезона продолжи со одличните партии, но призна дека првите две сезони му било многу тешко во Милан и дека Ибрахимовиќ одиграл важна улога во неговиот развој.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Првите две години во Милан беа многу тешки. Дојдов од Франција, каде што лигата беше помала и животот беше многу поинаков. Кога ќе пристигнете во клуб како Милан, веднаш знаете дека мора да победувате, дека многу легенди го носеле овој дрес и освојувале многу трофеи. Тоа го чувствувате веднаш, и по транзицијата станав друг човек и друг играч“.

„Во овој период, најмногу ми помогна моето семејство, тренерот Пиоли и Ибра, кој постојано внимаваше на мене. Златан е вистински пример, ме научи колку е важно да останеш фокусиран, дури и надвор од теренот. Честопати разговараме, не како колеги или професионалци, туку како луѓе“, изјави Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…