Дома Трансфер зона Лацио постави цена за Ачерби, Интер не сака да ја плати

Лацио постави цена за Ачерби, Интер не сака да ја плати

Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но Лацио постави висока цена.

Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара 4 милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.

Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.

Ачерби не сака да се врати на „Олимпико“, па се очекува двата клуба наредните недели да седнат на преговарачка маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…