Дома Фудбал Италија Лацио не го дава својот „архитект“, му нуди нов договор на Инзаги

Лацио не го дава својот „архитект“, му нуди нов договор на Инзаги

Лацио игра сезона од соништата и после многу години повторно се бори за Скудетото, а еден од најзаслужните за таквиот успех е секако тренерот Симоне Инзаги.

Инзаги се етаблираше во еден од најдобрите тренери во Серија А, па Лацио сака по секоја цена да го задржи на „Олимпико“ и му понуди нов, побогат договор.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека двете страни договориле продолжување на соработката за нови три години, а Инзаги ќе добива 3 милиони евра по сезона.

44-годишниот стратег е на клупата на Лацио уште од април 2016. година. Тој успеа да го врати Лацио со врвот со одлична работа и освои вкупно три трофеи.

Лацио два пати го крена трофејот на Суперкупот на Италија и еднаш Купот на Италија, а оваа сезона е голема борба за титулата со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Николов: Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг …