Дома Фудбал Останато Лацио му ја отвори вратата на СМС: Ако сака може да си оди!

Лацио му ја отвори вратата на СМС: Ако сака може да си оди!

Сопственикот на Лацио најави можност да го продаде Милинковиќ Савиќ.

Минатото лето Клаудио Лотито беше тврдоглав и го задржа Сергеј, но изгледа дека ова лето ќе размисли практично и дека ќе даде зелено светло за продажба на српскиот играч за врска. Лотито минатото лето бараше неверојатни 150 милиони евра за Савиќ што никој не понуди. Од неколку заинтересирани клубови најдалеку замина Милан кој нудеше позајмица со право на откуп за 80 милиони евра и 40 милиони евра од евентуални бонуси. Лотито тоа го одби и го задржа Србинот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Минатата сезона не беше така добра за Сергеј како таа претходната, иако во изборот на Серија А беше прогласен за најдобар играч за врска во лигата. Интерес и понатаму има со тоа што Јувентус и ПСЖ останаа како главни кандидати за неговото доведување. Се шпекулира дека Јувентус е подготвен да понуди 60 милиони евра и некој играч, додека ПСЖ разговара со агентот на фудбалерот Матеја Кежман и спрема официјална понуда.

По повод судбината на играчот се огласи и Лотито. Во разговор за „Gazzetta dello sport“ призна дека би можело да дојде до трансфер. Се претпоставува дека Лотито би бил задоволен со понуда од 80 милиони евра. Јуве за сега не нуди толку и се уште размислува за Погба кој е прва цел. Од другата страна, ПСЖ би можел да ја плати бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руд Ван Нистелрој има нова работа, ќе го преземе поранешниот шампион на Англија

Руд ван Нистелрој остави силен впечаток за време на неговиот краток период на чело на Манч…