Левиот бек на Ливерпул, Алберто Морено ги договорил личните услови со Лацио и на крајот на сезоната ќе се пресели во Рим, пренесуваат италијаските медиуми.
Минатата недела Шпанецот бил во Рим и ставил потпис на преддоговор, па дури постираше и слика на Инстаграм со својот бивш соиграч Лукас Леива, кој во моментв игра за Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми потврдија дека Морено на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул како слободен агент, а веќе постигнал комплетен договор со Лацио.
Рома и Севиља исто така покажуваа интерес кон левиот бек на Ливерпул, на кого му истекува договорот на крајот на сезоната.
Јирген Клоп и оваа сезона не смета многу на Морено, кој има само пет настапи за „црвените“ до сега.