Дома Трансфер зона Лацио го налути Интер со цената за Ачерби

Лацио го налути Интер со цената за Ачерби

Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но претседателот на Лацио ги налути „нероаѕѕрите“.

Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара 4 милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.

Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.

Лотито е познат како тежок преговарач, но двата клуба имаат доволно време до крајот на сезоната да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…