Дома Фудбал Англија Лампард лут на судењето: И мојата ќерка која има три години знае дека тоа беше пенал

Лампард лут на судењето: И мојата ќерка која има три години знае дека тоа беше пенал

Манчестер Сити вчера го победи Евертон на „Гудисон Парк“ со 0:1 во рамките од 27. коло во Премиер лигата.

Фил Фоден во 82. минута искористи една грешка во одбраната на Евертон и донесе водство, меѓутоа реакцијата која предизвика силни реакции се случи пет минутиподоцна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Родри очигледно играше со рака во шеснаесетникот на Сити, но судијата Пол Тирни како и луѓето во ВАР собата проценија дека тоа не било пенал. Френк Лампард после натпреварот го искажа своето незадоволство од судењето.

„Одлуката беше неверојатно, веднаш можеше да се забележи дека тоа е пенал. Судијата требаше да биде повикан сам да ја види снимката. Топката го удри Родри во раката која му беше во неприрорфна положба. И ќерка ми која има три години знае дека тоа беше пенал“.

„Изгубивме бод поради професионалец кој поради системот не можеше да си ја врши работата како што треба. Судијата знаеше дека е пенал, а не можеше да ја види ситуацијата“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…