Новото засилување на Милан, Диего Лаксалт беше претставен на официјална прес-конференција денес, заедно со другите две нови засилувања, Бакајоко и Кастиљехо.
Поранешниот фудбалер на Џенова призна дека бил блиску до трансфер во Зенит, но кога добил повик од Милан веднаш кажал ДА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистински сон е да преминам во еден од најголемите клубови во светот. Ова беше посебна недела за мене. Дали сум подготвен? Се обидувам да станам подобар секој ден. Се чувствувам подготвен за овој нов предизвик. Од ден на ден морам да се докажам во тимот“, истакна Лаксалт.
„Вистина е дека бев блиску до трансфер во Зенит, но кога се јави Милан се се промени. Едноставно ова е клуб на кој не можете да му кажете не. За мојата улога на теренот ќе мисли Џенаро Гатузо. Јас сум секогаш достапен и ќе се обидам да дадам се од себе каде и да ме постават“, изјави Уругваецот кој може да игра како лев бек и како лево крило.