Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров ја промовираше својата автобиографија – од Свети Николе до Нант!

Лазаров ја промовираше својата автобиографија – од Свети Николе до Нант!

Најдобриот македонски ракометар и актуелен селектор и капитен вечерва во „Александар Палас“ ја промовираше својата автобиографија „Секогаш на победа“.

Книгата се однесува на неговиот животен пат – од Свети Николе до Нант. Преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико, Барселона и Нант каде што настапува денес Лазаров се изгради како еден од најдобрите бекови во светот со повеќе од 1.000 голови во Лигата на шампионите. Во кариерата Лазаров има и европска круна, рекорд по број на голови на Мундијалот, петто место на ЕП со Македонија…

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле. Имам трема затоа што сум прв македонски спортист кој се реши да напише една автобиографија“, порача вечерва Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…