Македонскиот селектор и капитен Кире Лазаров го собра националниот тим пред последните два меча од квалификациите против Финска и Швајцарија.
Македонија имаше тренинг со 21 ракометар, а Лазаров утре ќе избере 16 со кои ќе патува во Финска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Теоретски го обезбедивме пласманот на ЕП, но нема да се опуштиме и одиме максимално. Ние сме победници и имаме голема желба за нова победа. Не сакам да се навраќам на тоа дека немаме време, но искусни сме и знаеме како да изиграме. Одиме во Финска и имаме јасен план“, истакна Лазаров.
„Со Финска сме фаворити, така ќе се поставиме. Секој треба да си преземе одговорност, од јас како селектор до играчите индивидуално. Не треба ниту во еден момент да се посомневаме дека Финска може да ни направи проблем“, додаде селекторот.