Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо беше веројатно најголемата трансфер сага во последниот летен трансфер период.
Кутињо постојано беше поврзуван со трансфер во Барселона, а навивачите на каталонскиот клуб се надеваа дека тој трансфер ќе се оствари до последниот момент од трансфер периодот. Сепак, иако Барселона испрати десетина понуди за овој играч, на крајот Ливерпул ги одби и остана на ставот дека Кутињо не е на продажба.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Репрезентативецот на Бразил се обиде да го искаже своето незадоволство со фактот дека клубот не сака да го пушти во Барселона. Кутињо одбиваше да тренира поради наводни повреди, па побара и да не е вклучен во составот за ЛШ. Сепак, кога стана јасно дека ќе остане, Јирген Клоп го додаде во споменатиот состав.
Но, спроед пишувањата на англисктие медиуми, бразилскиот играч има нова тактика со која сака да ги убеди „Црвените“ во јануари да го пуштат во Барса. Наводно, Кутињо им кажал на управата на клубот и на Јирген Клоп дека нема да игра на натпреварите во ЛШ, иако е пријавен за ова натрпеварување.
Јасно е дека Кутињо има огромна желба да заигра за Барса, и дека беше длабоко разочаран кога свати дека и ова лето ќе остане на „Енфилд“. Но, изгледа дека Бразилецот е подготвен повторно да се обиде да ги убеди сопствениците на Ливерпул да го пуштат во Барса во зимскиот трансфер период.