Дома Фудбал Кутињо пристигна, но навивачите ќе почекаат до неговото деби

Кутињо пристигна, но навивачите ќе почекаат до неговото деби

Фелипе Кутињо и официјално е представен на Камп Ноу, го избра и бројот кој ќе го носи во својот нов клуб.

Бразилецот ја “задужи” 14-ката, број кој во Барса ја носеше легендарниот Јохан Кројф, но навивачите на каталонскиот гигант ќе мора да почекаат да го видат на теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, од Барса соопштија дека Кутињо нема да биде спремен за игра уште најмалку три недели и тоа поради проблеми со бутниот мускул кои му беа откриени на лекарските прегледи.

Па така, Кутињо сигурно нема да биде на располагање на Валвреде за претстојните натпревари на Барса во Ла Лига и Кралскиот куп, но навивачите може да бидат задоволни што го добија долго посакуваното засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…