Дома Фудбал Куртоа се жали: Ако тоа за Елче беше пенал, имаше пенал и над Бензема

Куртоа се жали: Ако тоа за Елче беше пенал, имаше пенал и над Бензема

Реал Мадрид не успеа со победа да ја заврши 2020 година, вчера против Елче „кралевите“ ремизираа (1:1).

Домашниот тим до еден бод во овој натпревар стигна со голот од пенал, а голманот Тибо Куртоа смета дека неговиот тим бил оштетен во овој натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Бевме многу добри посебно во првото полувреме. Креиравме шанси, постигнавме гол, но потоа беше досуден тој пенал. Не видов најдобро, меѓутоа мислам дека прелесно беше досуден“.

„Некогаш судиите едноставно сакаат да досудат вакви работи. Во првото полувреме не беше досуден пенал над Бензема. Ако тоа не беше пенал, не требаше да биде ни ова за Елче. Сепак, тоа е што е и мораме да продолжиме понатаму, фрустрирани сме, но не смееме да дозволиме ова да не разниша бидејќи бевме во добра низа“, изјави Куртоа.

Реал Мадрид 2020 година ја заврши на второто место во Ла Лига со 33 освоени бодови, два помалку од градскиот ривал Атлетико кој има и два натпревари помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…