Белгискиот голман, Тибо Куртоа не брани ниту блиску од она што од него го очекуваа кога се пресели во Реал Мадрид.
Овој 27-годишен голман е член на Реал од летото 2018. година, а во клубот пристигна со епитетот најдобар голман на Мундијалот во Русија. Иако во Реал се избори за местото прв голман, особено откако што Навас го напушти тимот, Куртоа не воодушеви.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој никогаш во кариерата не имаше подолга низа без примен гол. Во дури 11 последователни натпревари во Ла Лига прими гол што никогаш му се нема случено во кариерата. За тоа време вкупно 16 пати ја вадеше топката од мрежата, сметајќи и на тие два пати против Виљареал минатата недела.
Навивачите секако не се задоволни со овие податоци, а доколку со тоа додадеме дека ниту целокупниот впечаток не е особено добар, тогаш јасно е дека Белгијанецот брзо ќе мора да се разубди од сонот, бидејќи во Реал грешките не се простени. Инаку, тој со Реал потпиша договор на шест години, но доколку вака продолжи тешко дека ќе го заврши.
Пред Реал беше член на Челзи, Атлетико Мадрид и Генк.