Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп: Пелистер му даде девет гола на Љуботен

Куп: Пелистер му даде девет гола на Љуботен

Екипата на Пелистер ја забележа најубедливата победа во денешните куп натпревари.

Битолчани во следната фаза се пласираа победувајќи го Љуботен со 0:9. Победникот беше решен уште во првото полувреме во кое Пелистер постигна шест гола. Во победа три гола постигна Здравевски, два Борче Маневски, а по еднаш стрелаа Сујлемани, Талевски, Илиевски и Јуфо.

Во осминафиналето пласман обезбедија уште Тиквеш, Работнички, Брегалница, Македонија Ѓ.П, Вардар, Беласица, Струга, Ренова, Охрид.

KУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 ФИНАЛЕ

Детонит – Македонија Ѓ.П 0:3

Кораб – Беласица 1:2

Каменица Саса – Струга 0:2

Гостивар – Ренова 0:4

Градско – Охрид 0:2

Љуботен – Пелистер 0:9

Победа – Вардар 1:1 (5:6)

Слога Виница – Работнички 0:3

Воска Спорт – Брегалница 0:1

Беса – Скопје

Новаци – Тиквеш 0:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Влатко Костов е нов тренер на Тиквеш

Откако Тиквеш спогодбено го раскина договорот со Пане Блажевски денес за нов шеф на стручн…