Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: „Шестки“ на Победа и „пандевци“, „петарда“ на Работнички сигурни Шкупи и Шкендија

Куп на Македонија: „Шестки“ на Победа и „пандевци“, „петарда“ на Работнички сигурни Шкупи и Шкендија

Денес се играа натпревари од 1/16 финалет ово Купот на Македонија.

Македонскиот шампион Шкупи имаше успешен старт и ја елиминираше Беласица со победа од 1:3. Победата на Шкупи ја донесоа Фреди Алварез и Сандеј Адетунџи. Академија Пандев убедливо го совлада Тетекс со 0:6, со истиот резултат Победа го совлада Карбинци и ова беа најубедливите победи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најмногу голови се постигнаа на натпреварот Фортуна – Борец, а на крајот домаќините славеа со 5:3. Шкендија со 0:3 беше сигурна против Караорман. Брегалница со истиот резултат ја доби Слога Виница, а Тиквеш со 0:2 триумфираше против Кожуф на гости.

Работнички немаше проблем и со „петарда“ 0:5 го елиминираше Коњари. Хет-трик на оваа средба постигна Рушевиќ.

Место во осминафиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија финалистите од минатата година Македонија ЃП и Силекс, како и Љуботен, Скопје и Воска Спорт.

1/16 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Беласица – Шкупи 0-3
Тетекс – Академија Пандев 0-6
Гостивар – Пелистер 0-1
Kараорман – Шкендија 0-3
Слога Виница – Брегалница 0-3
Кожуф – Тиквеш 0-2
Вардар Неготино – Струга ТЛ 1-2
Саса Каменица – Вардар 0-3
Коњаре – Работнички 0-5
Фортуна – Борец 5-3
Карбинци – Победа 0-6

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…