Кошаркарите на МЗТ Скопје Ародром го направија првиот чекор во одбраната на титулата во националниот Куп, откако во првиот четртфинален натпревар на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во Битола, беа поуспешни од Гостивар.
Иако не почна како стартер, Крстевски брзо влезе во поентерска серија, за прво, какво-такво резултатско одвојување, односно МЗТ Скопје да поведе со (37:33) во 13. минута. Но Гостиварци имаа неколку расположени кошаркари, пред се Вилијамс и Инграм (искомбинираа 23 поени за краток временски интервал).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По тајм-аутот на Гостивар, „се вклучи“ и Робев, кој погоди две тројки за уште повисоки (43:35) во корист на фаворитот. Погоди уште две репрезентативниот бек, за МЗТ Скопје има и двоцифрени (48:38). А со помош на Делалиќ (десет поени во првото полувреме), бранителот на трофејот дојде до уште поголеми (54:40) на полувремето.
На другата страна, Вилијамс и Инграм имаа по 13. поени во тој прв дел од првото четвртфинале на турнирот во Битола.
На средина од третата четвртина, екипата од Аеродром достигна предност и од 25 поени (70:45), и тука некаде и дефинитивно го скрши отпорот на гостиварци, каде евидентно, недостасуваа и други играчи кои може да го следат поентерскиот ефеткт на Инграм и Вилијамс.
По 30 минути игра, МЗТ Скопје имаше непто пониски (74:56).
Делалиќ реализираше 22.поени, Робев додаде 13, исто колку и Ворку односно Танасковиќ.
Вилијамс беше првиот стрелец на Гостивар, реализираше 23.поени, Инграм имаше 20, а до двоен број на поени дојдоа Џонс (14) но и младиот Коскоски – 12.
Во полуфиналето, бранителот на титулата ќе игра против подобриот од дуелот Работнички – ТФТ Моцарт, кој ќе се игра од 17.часот.