Дома Фудбал Куп на Кралот: Барса имаше тежок ждреб, Мадриѓаните поминаа лесно

Куп на Кралот: Барса имаше тежок ждреб, Мадриѓаните поминаа лесно

Денес се одржа ждребот за Купот на Кралот, а бранителот на трофејот Барселона за противник ја доби Селта Виго.

Каталонците првиот натпревар ќе го играат во Виго, а седум дена подоцна Селта ќе гостува на „Камп Ноу“, каде викендов одигра реми 2:2.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Реал Мадрид имаше повеќе среќа и ќе игра со второлигашот Нумансија, додека Атлетико помина најдобро и ќе се сретне со третолигашот Леида.

Натпреварите од осминафиналето на програмата се на 3-ти и 10-ти јануари, а два дена потоа ќе се одржи нов ждреб за ¼ финалето.

Осминафинални парови:
Селта – Барселона
Форментера – Алавес
Атлетико Мадрид – Леида
Нумансија – Реал Мадрид
Кадиз – Севиља
Леганес – Виљареал
Лас Палмас – Валенсија
Еспањол – Леванте

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гарначо ставен на трансфер листа, сигурно го напушта „Олд Трафорд“

Алехандро Гарначо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесу…