Фудбалерите на Баерн вечерва на домашен терен го пречекуваат Бешикташ во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Лига на шампиони.
Натпреварот кој се игра на Алианс Арена побуди голем интерес посебно кај навивачите на Бешикташ кои живеат во германија, а во центарот на вниманието се најде Ердем Бесли, турски државјанин кој живее во Минхен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој навивач сакал да ги изненади своите пријатели и колеги од работа со билети за вечерашниот натпревар, но на крајот на бизарен начин остана без картите. Имено, Бесли успеал да купи 127 влезници кој претходно ги резервирал, но изненадувањето му паднало во вода.
Кога ги купил картите ги оставил на кровот на својот автомобил, а кога се вратил дома се сетил дека не ги земал. Тогаш веќе било касно бидејќи картите се загубени некаде по патот. Ја ангажирал дури и полицијата, но вечерашниот натпревар со пријателите ќе го гледа на малите екрани.