Дома Фудбал Куман проговори за иднината на Дембеле

Куман проговори за иднината на Дембеле

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека ќе смета на Дембеле, но иднината зависи од клубот и од самиот играч.

Вчера се појавија информации дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со Барселона за трансфер на Дембеле и дека Французинот може да се пресели на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го донесат Дембеле на едногодишна позајмица, додека Каталонците претпочитаат перманентен трансфер.

„Тактвите одлуки зависат од клубот и играчот. Како што видовме во последно време, јас сериозно сметам на него. Не беше стартер бидејќи има други фудбалери, како Ансу Фати кој игра одлично. Ќе треба да чека простор за да игра, но тренира добро“, изјави Куман, кој го потврди доаѓањето на десниот бек Сержињо Дест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЛШ: Баерн убедлив, Ливерпул тешко до победа, Лукаку за реми на Интер, Сити сигурен, супер Аталанта! 🎥

Вечерва се комплетираа натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите. Во натпреварот…