Дома Фудбал Куман: Не сме загрижени за одлуката на Меси

Куман: Не сме загрижени за одлуката на Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за можното заминување на Лео Меси.

Меси има право од 1. јануари да преговара со други клубови, бидејќи на лето му истекува договорот и станува слободен играч.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Меси е добар, тренираше на 30. и 31. декември, кога останатите имаа прослави. Се чувствува добро, подготвен е и сака да игра.“ – рече Куман и додаде:

„Треба да ја согледате целата ситуација. Како и секој играч на кој му истекува договорот, слободен е сам да одлучи како сака. Ќе ја почитувам секоја одлука, не сме поради тоа нервозни или загрижени.“

Многу клубови се интересираат за Меси, но пред сите се Манчестер Сити и ПСЖ. Многу зависи и тоа кој ќе биде претседател на Барселона, а изборите се на 24. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна сцена во Шпанија: Голман се правеше паметен, па беше виновник за примениот гол

Луди сцени во плеј-офот за влез во вторта лига на Шпанија, Малага постигна гол гротив Наст…