Дома Фудбал Останато Куман направи споредба меѓу Меси и Роналдо и ги налути Каталонците

Куман направи споредба меѓу Меси и Роналдо и ги налути Каталонците

Тренерот на Барселона, Роналд Куман пред утрешниот натпревар со Јувентус во Лигата на шампиони изјави дека го сака првото место во групата.

Куман откри дека нема да може да смета на Фати, Пике и Дембеле, но изјави дека го сака првото место во групата и ќе оди на победа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Холандскиот стратег зборуваше за дуелот помеѓу Меси и Роналдо и одби да го нарече Аргентинецот подобар од Португалецот.

„Затоа, сметам дека не е убаво да се каже кој е подобар, двајцата се неверојатно добри и двајцата многу ги почитувам за тоа што го понудија во светот. фантастично е што овие двајца играчи се толку долги години на врвот, тие се најдобри играчи во последните 15 години. Двајцата играчи се многу различни, не може да се каже кој е подобар“, изјави Куман, кој потоа истакна дека би сакал Де Лихт да играше во Барселона.

„Го познавам добро Де Лихт, иако е млад има големо искуство. Може да стане најдобар во светот, штета што игра за Јувентус, а не за Барселона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …