Барселона се наоѓа во тешка ситуација откако на лош начина ја отвори сезоната.
Јасно е дека во голема мера за слабите резултати придонесе заминувањето на Лео Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот Куман вели дека Меси ги правел сите околу него подобри од што се, бидејќи бил тиранин на тренинзите.
„Меси фрли се во сенка. Се чинеше дека сите се подобри само поради него. Тоа не е критика, тоа е набудување. Знаев колку е добар, но секогаш е неверојатно да го гледате во живо. На тренинг, некои играчи се пошегуваа, шутираа од лесни позиции, се опуштија. Меси не. Ја шутна секоја топка со голема сила, се беше функционално. Исто така, сакаше да освои се. Кога играше, постарите играчи никогаш не загубија од помладите. Тоа се случи еднаш и Меси беше сериозно лут цела недела. Тој беше вистински тиранин на тренинзите“, изјави Куман.