Дома Фудбал Куман за Суарез: Ако го направи среќен Ајакс, ќе го пуштам

Куман за Суарез: Ако го направи среќен Ајакс, ќе го пуштам

Барселона ја очекува голема реконструкција на тимот ова лето, а медиумите тврдат дека неколку ѕвезди ќе го напуштат „Камп Ноу“.

Еден од нив е и Луис Суарез за кого сериозен интерес покажува Ајакс, кој е спремен да плати 15 милиони евра за неговиот потпис.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Новиот тренер на Барса, Роналд Куман денес беше запрашан од холандските медиуми за ситуацијата околу Суарез.

„Ако тоа ве направи среќни вас и Ајакс, тогаш ќе го ослободам“, се пошегува Куман со новинарите.

Суарез беше член на Ајакс од 2007 до 2011 година, каде и ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски со фантастична одбрана ја натера цела Шпанија да му се поклони (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за големата победа на Ва…