Дома Фудбал Куман: Борбата за титулата ќе трае до последното коло

Куман: Борбата за титулата ќе трае до последното коло

Tренерот на Барселона, Роналд Куман верува дека до последното коло во Ла Лига нема да биде познат шампионот.

Каталонскиот клуб во овој момент е трет на табелата со седум бодови помалку од водечкиот Атлетико и еден помалку од Реал, а Барселона има и натпревар помалку

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сезоната долга. Она што го правеше Атлетико во првиот дел не беше нормално. Ние во меѓувреме многу напредувавме и борбата за титулата ќе трае до последното коло. Мораме да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар“.

На прашањето дали неговиот тим е во најдобра форма во овој момент Куман одговор.

„Изгледа дека е така, но имам доволно искуство за да знам дека ваков ритам е тешко да се одржи. Ќе повторам мораме да одиме чекор по чекор. Денес е сончево, но утре може да дојде бура“, изјави Куман.
Барселона вечерва го игра натпреварот против Хуеска во кој влегува со три победи во низа во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…