Дома Фудбал Останато Култниот српски клуб пред распад: Губат и по 11:0, но – навивачите ги полнат трибините!

Култниот српски клуб пред распад: Губат и по 11:0, но – навивачите ги полнат трибините!

Екипата на Рад од Белград до пред 9-10 години беше стабилен српски прволигаш и во 2015 година играше четвртфинале во Купот на Србија, а сезоната ја заврши на шестата позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но во 2021 година полека започна падот на клбуот, тогаш испаднаа во втората српска лига. Првата сезона во второлигашкото друштво ја завршија како 11-ти на табелата, но веќе во втората беа последни и испаднаа.

Во третата лига играа само една сезона, но не се вратија во втора, место тоа дојдоа до зонската лига, четврто по ранг натпреварување во Србија.

И сезонава играат тука, а започнаа катастрофално. По првите четири кола имаа гол-разлика од 0:29, а губеа со 3:0, 8:0, 11:0 и 7:0.

Во целата приказна има и позитивна точка, а тоа се навивачите кои и во ваква ситуација во сосема солидна бројка се на трибините во секој натпревар и навиваат за својот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…