Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос смета дека поради трансферот на Роналдо во Јувентус минатото лето среќни биле сите страни.
За повеќе од 100 милиони евра Роналдо направи трансфер во редовите на „старата дама“ и во првата сезона ја освои титулата шампион на Италија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Би било чудно да не ви недостасува играч како што е Роналдо кој со своите голови одлучи толку многу натпревари. Сепак, неговиот трансфер ги усреќи сите – Роналдо сакаше ново искуство, а Реал заработи многу пари“, изјави 29 годишниот Крос кој во Мадрид пристигна во 2014 година од редовите на Баерн Минхен.
Германецот се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити.
„За тоа веќе неколку пати се пишуваше во минатото, но навистина јас никогаш не сум бил блиску до преминување во Манчестер Сити. Никогаш. Можам да ги демантирам тие гласини“, тврди Крос.
Фудбалерот од средината на теренот уште еднаш потврди дека сака да заврши со играњето фудбал на 33 години
„Играњето фудбал е свесено избрано – 33 години би биле добри години да ја завршам кариерата. Тогаш ќе имам прилика да изберам дали сакам да продолжам да играм фудбал или работам нешто друго“, најави Крос.