Дома Топ вести Крос: Валверде е во топ 3 играчи во светот!

Крос: Валверде е во топ 3 играчи во светот!

Во викендот кој е зад нас покрај неколку други дерби средби се одигра и „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Натпреварот на крајот заврши со победа од 3:1 на „кралевите“.

Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Бензема, Родриго и Феде Валверде. Валверде кој беше стрелец на вториот гол ја доби и наградата за играч на натпреварот бидејќи покрај голот завршуваше одлична работа и на средината од теренот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Големи пофалби за Валверде после натпреварот имаше неговиот соиграч од средниот ред Тони Крос. Крос и во изјава по мечот, но и на социјалните мрежи го истакна како еден од најдобрите во светот во овој момент.

„Феде Валверде во овој момент е во топ 3 фудбалери во светот“, гласи пораката на Крос.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид со триумфот во „Ел Класико“ остана единствената непоразена екипа во Ла Лига и сега има три бода предност во однос на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави листа која го открива добитникот на „Златната топка“ – ова е победникот? (Фото)

Париз вечерва е домаќин на церемонијата на прогласување на најдобриот играч во светот. Fra…