Најдобриот ракометар кој го имаше Вардар во овој момент Даинис Криштопанс од денес член на Фуксе Берлин каде што ќе игра до крајот на сезоната, па потоа ќе се пресели во ПСЖ каде што имаше претходно договорен трансфер.
Во Фуксе Берлин Криштопанс ќе игра заедно со Дејан Милосављев со кој ја освоија европската титула со Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Криштопанс денес ја даде и првата изјава како играч на Фуксе Берлин.
„Благодарен сум на Вардар и на сите во клубот. Заедно поминавме спектакуларно време. Не може секој да се пофали со титула во Лигата на шампионите, меѓутоа сите знаеме дека од нешто мора да се живее. Доаѓам во еден од најдобрите германски клубови и овој дрес ќе го носам со гордост“, изјави Криштопанс.