Дома Фудбал Италија Критики за Роналдо: Кажа дека оди дома поради мајка му, но ние гледаме само слики покрај базен

Критики за Роналдо: Кажа дека оди дома поради мајка му, но ние гледаме само слики покрај базен

Кристиано Роналдо веќе неколку недели се наоѓа во родната Мадеира.

Роналдо отпатува во Португалија за да биде покрај неговата мајка која имаше мозочен удар. Потоа првенството во Италија се прекина поради пандемијата со коронавирусот, па на играчите на Јувентус им беше наредено да одат во каранатин.

На Роналдо тоа не му падна тешко затоа што покрај себе го има комплетното семејство, но се најде на удар на поранешниот претседател на Јувентус Џовани Коболи.

Тој тврди дека торинскиот тим не требало да го издвојува Роналдо од остатокот на екипата.

„Работите во Јувентус се искомплицираа откако тој отиде во Португалија. Кажа дека таму оди поради неговата мајка, но ние гледаме само фотографии покрај неговиот базен. Кога клубот направи исклучок за него сите сакаа да си одат дома. Мораа сите заедно да бидат во карантин“, смета Кобоили.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси се огласи и категорично демантираше трансфер: Тоа се лаги! (фото)

Денес аргентинскиот медиум „ТНТ“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Лионел Меси би …