Ливерпул сезонава игра под очекувањата и многумина како една од главните причини за ваквата форма на „црвените“ сметаат дека е отсуството на Садио Мане кој беше продаден во Баерн Минхен.
Во таква насока е и размислувањето на поранешниот фудбалер Пол Мерсон кој денес како аналитичар ги коментира случувањата во фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од првиот ден кажав дека за мене продажбата на Садио Мане е најлошата одлука во Ливерпул. Мане во Ливерпул постигнуваше важни голови, дали тоа беше за водство, изедначување, голови за победа во последните минути…“
Ги истакнува Мерсон и другите квалитети на Мане освен постигнувањето голови.
„Констано играше пресинг, помагаше и во одбраната. Навистина не знам зошто го продадоа, Дарвин Нуњез кој пристигна од Бенфика во овој момент е далеку од нивото на кое беше Мане. На сето тоа го продадоа и за 30 милиони фунти, што во овој момент во Премиер лигата е еднакво на шолја чај.
Да бев во Ливерпул кога во прашање е таква сума ќе го задржев до крајот на сезоната кога ќе си заминеше бесплатно. Тие 30 милиони фунти во денешниот англиски фудбал не вредат повеќе од добрите резултати кои тимот ќе ги имаше со него“.
„Ако Ливерпул остане без пласман во топ 4 ќе ги чини многу повеќе од тие добиени 30 милиони фунти“, потенцира Мерсон.