Синот на легендарниот напаѓач Вејн Руни, Каи овие денови е главна тема во англиската јавност.
Каи Руни веќе некое време член на академијата на Јунајтед и покажа дека е и тоа како талентиран. И претходно тој го покажа својот талент, а оваа сезона ја заврши со импресивна статистика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, 12-годишниот Каи минатата сезона ја заврши со неверојатни 56 голови и 28 години. Интересно е што во неговиот тим се наоѓа и Кристијано Јуниор кој на академијата на Јунајтед се придружи во февруари.
Меѓутоа синот на Кристијано Роналдо нема ниту приближно добра статистика како Каи, сепак вистинско мерило ќе биде наредната сезона кога двајцата ќе имаат прилика да одиграат цела сезона.