Дома Фудбал Кристијано Роналдо се враќа во Европа во шокантен трансфер?

Кристијано Роналдо се враќа во Европа во шокантен трансфер?

Кристијано Роналдо може да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа ова лето. Ова е веста која денеска ја објави саудискиот новинар Алхаза Мутаб.

Тој наведува дека Баер Леверкузен, клуб кој е апсолутна сензација во оваа фудбалска сезона, сака да го доведе Роналдо.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тоа би бил шокантен трансфер, апсолутно неочекуван со оглед на сите околности околу Роналдо, но и фактот дека Леверкузен претпочита поевтини и многу помлади играчи.

Претходно истиот новинар напиша дека Роналдо би можел да се врати во Португалија, неговата татковина, каде што ја започна својата голема кариера како фудбалер на Спортинг Лисабон.

Сепак, тоа нема да се случи. Мутаб пишува дека Роналдо бил заинтересиран за враќање, но Спортинг има други планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тргна по „чудото од дете“ кое го споредуваат со големата ѕвезда на „кралевите“

Реал Мадрид нема време за губење кога станува збор за својата иднина. Додека големите тран…