Дома Фудбал Италија Кристиано Роналдо во својот 100. настап за Јуве постави и чудесен рекорд

Кристиано Роналдо во својот 100. настап за Јуве постави и чудесен рекорд

Кристиано Роналдо со два гола од пенал му донесе на Јувентус победа на гости против Џенова, а освен тоа постави и чудесен рекорд во својата кариера.

Роналдо стана првиот фудбалер во 21. век кој успеал да дојде до 400 победи во најсилните пет првенства. Најблиску до него е Меси со 365 победи, а потоа следи Буфон со 350.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Треба да се спомене дека Роналдо до 400 победи дојде играјќи во Англија, Шпанија и Италија, додека Меси сите победи ги оствари со Барселона.

Португалецот против Џенова го играше 100 натпревар во дресот на Јувентус и стигна до бројката од 79 голови. Само Омар Сивори (84) и Фелисе Борел (80) постигнале повеќе голови од Португалецот во првите 100 натпревари за Јувентус.

Оваа сезона Јувентус има шест победи и пет нерешени натпревари во Серија А и се наоѓа на четвртата позиција со 23 бодови, четири помалку од лидерот Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…