Повеќе нема дилеми, Франческо Тоти избра.
Сакаше време да размисли и сега одлучи, останува во Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, после враќањето од одморот, ќе се сретне со Мончи за да ја дефинираат неговата улога во клубот. Заедно со него ќе работи и поранешниот голман на Рома, Морган Де Сантис како тим менаџер, што дополнително ќе му помогне да се вклопи.
Фудбалерите на Рома кон крајот на јуни ќе ги започнат припремите, а се очекува и Тоти тогаш да пристигне во клубот. Во секој случај, едно е сигурно, капитенот на Рома повеќе нема да игра фудбал.