Дома Фудбал Италија КРАЈ! Донарума кажа „ДА“- еве ги и деталите!

КРАЈ! Донарума кажа „ДА“- еве ги и деталите!

Позната платата и клазулате, а откриено е и колкави пари одбил младиот голман од ПСЖ.

Изгледа сега навистина е готово! Летната сапуница околу Џанулуиџи Донарума и неговиот договор заврши со продолжување на соработката.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските новинари и медиуми како што се Џанлука Ди Марцио и „Медијасет“ договорот бил постигнат денес. Понеделникот кој толку многу се чекаше вроди со плод, двете страни ги променија ставовите и младиот голман го прифати договорот.

Во однос на претходниот договор кој му беше понуден дојде и до мали промено. Договорот ќе биде на пет години со плата од 6 милиони евра по сезоната со што Донарума ќе биде најплатен фудбалер на Милан и еден од најплатените во Серија А. Значи, парите сепак биле важен сегмент, иако Раиола тврдеше поинаку.

Да потсетиме, првата понуда на Милан изнесуваше пет милиони евра по сезоната за петгодишен договор.

Исто така Милан се согласи и на откупна клазула, на која Раиола инсистираше и претходно. Доколку Милан не се пласира во Лигата на шампионите, Донарума би можел да замине за 50 милиони евра, но доколку „росонерите“ се изборат за пласман во најелитното европско натпреварување клазулата ќе изнесува 100 милиони евра.

Покрај тоа, Раиола и Донарума успеаа да го условат Милан да го „вработи“ неговиот постар брат, Антони. Тој има 27 години и претходната сезона ја помина во грчки Астерас. Тој ја помина школата на Милан, неколку години беше член и на првиот тим, но во главно беше испраќан на позајмици. Имено, условот на Донарума и Раиола до „росонерите“ беше Милан да го врати Антони. Постариот Донарума во Милан ќе заработува еден милион евра, што e далеку повеќе од неговата реална вредност.

На крајот откриено e дека Донарума пред неколку дена одбил понуда од ПСЖ според која би заработувал 13 милиони евра по сезона.

Потпишувањето на договорот се очекува да се случи за неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …