Дома Фудбал Англија Крај на шпекулациите: Компани донесе конечна одлука за својата иднина!

Крај на шпекулациите: Компани донесе конечна одлука за својата иднина!

Винсент Компани останува на клупата на Барнли иако се поврзуваше со ангажман во Тотенхем, дека нема да ја промени средината стана јасно откако потпиша нов договор со повратникот во англиската елита.

Новиот договор на белгискиот стратег е со важност од пет години. За многумина тој е најзаслужниот што тимот каде што настапува Македонецот Дарко Чурлинов се врати во Премиер лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За клупскиот сајт на Барнли Компани веќе ја даде првата изјава по потпишувањето на договорот.

„Од самиот почеток се чувствував добро во Барнли и сметам дека е вистинско време да потпишам на пет години. Заедно со навивачите „Турф Мур“ повторно го претворивме во тврдина. Продолжуваме напред и работиме за доброто на Барнли“, изјави Компани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Прекинато дербито во Франција. Гледач го погоди судијата во глава со паричка

Сент – Етјен дома триумфираше против Лион со 2:1 во натпреварот од 30. коло на франц…