Дома Фудбал „Кралевите“ го подигнаа првиот трофеј сезонава🎥

„Кралевите“ го подигнаа првиот трофеј сезонава🎥

Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп, откако во финалето рутински го совлада Атлетик Билбао со 2:0.

Реал подобро го отвори натпреварот, а Лука Модриќ во 38-та минута го отвори резултатот и му донесе водство на „кралевите“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На самиот старт на второто полувреме Бензема зголеми на 2:0 од белата точка.

Билбао имаше шанса да се врати во натпреварот, но Раул Гарсија не успеа да го совледа Куртоа од белата точка, па „кралевите“ рутински ја сочиваа предноста до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…