Во последно време се појавија многу информации за иднината на Килијан Мбапе, а поголемиот број говорат дека Французинот ќе заврши во Реал Мадрид.
„Кралевите“ го загубија натпреварот против Барселона, но тоа Флорентино Перез не го загрижи многу со оглед на тоа дека натпреварот беше во рамките на подготвителен турнир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го очекуваат многу поважни натпревари, првиот го игра тука во Скопје и тоа против Манчестер Јунајтед на осми август. Зидан ниту во овој натпревар не ќе може да смета на Кристиано Роналдо, кој на тимот ќе се приклучи за натпреварот од шпанскиот Суперкуп против Барселона кој е закажан за 13 август.
Но, одредени шпански медиуми пренесуваат ексклузивна информација дека токму пред натпреварот против Барселона, а две дена после Суперкупот во Скопје, односно на 10 август, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одржи промоција на големата ѕвезда на летниот преоден рок, Килијан Мбапе.
Како што е познато „Марка“ веќе пред неколку дена потврди дека целата работа е договорена и дека трансферот на Килијан Мбапе во Мадрид е само прашање на време.