Италија на помалку од еден месец до натпреварот со Македонија остана без селектор откако Роберто Манчини изненадувачки поднесе оставка.
ФИГЦ попладнево официјално го потврди заминувањето на Манчини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчини на кормилото на италијанската репрезентација седна во мај 2018 година и најголемиот успех го направи со освојувањето на Европското првенство.
Во италијанските медиуми веќе се споменуваат имињата на кандидатите за нов селектор.
Во потесниот круг наводно се Антонио Конте и Лучијано Спалети кој е без ангажман откако на Наполи му го донесе Скудетото минатата сезона по пауза од 33 години. Конте од друга страна веќе беше селектор на Италија од 2014. до 2016 . година.
Покрај Конте и Спалети кои важат за фаворити „Скај Спорт“ ги споменува имињата на Фабио Канаваро, Џенаро Гатузo и Даниеле Де Роси.