Серхио Агуеро би можел на крајот од сезоната да го напушти Манчестер Сити па затоа Пеп Гвардиола ќе мора да најде ново решение за нападот.
Веќе 10 години Агуеро е дел од сите, а сега изгледа ќе замине по истекот на неговиот договор. Заминувањето на играч како Агуеро секако е удар за клубот затоа што тој постигна 256 гола на 379 натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во редовите на Сити не сакаат да ризикуваат и веќе се во потрага по идеалена замена.
Прва мета за Гвардиола е Меси кој се уште нема донесено одлука дали ќе ја напушти Барселона. Покрај Меси Сити се поврзува со Ерлинг Халанд, Ромелу Лукаку, а последна опција би бил Дени Ингс кој е резервно решение.