Пауло Дибала би требало во наредните денови официјално да ја засили екипата на Манчестер Јунајтед.
Тимот од Олд Трафорд со торински Јувентус договори размена на фудбалери, а на пат кон Италија е напаѓачот Ромелу Лукаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голема работа во убедувањето на Дибала да ја прифати понудата на Црвените ѓаволи завршил поранешниот играч на Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра.
Наводно, токму тој бил кој го побарал Дибала и го убедил дека трансфер во Манчестер Јунајтед ќе биде вистински потег за него.
Аргентинецот на крајот наводно и прифатил. Наскоро се очекува се да биде готово, а останува да се договорат уште личните услови на Дибала со клубот од Олд Трафорд.
Јунајтед му нуди 150.000 фунти неделно, односно платата која ја земаше Лукаку, додека напаѓачот бара 210.000 фунти.
Сепак, се очекува дека набрзо ќе биде постигнат договор и на крајот Дибала ќе го гледаме на Олд Трафорд, а во Јунајтед можат да му бидат благодарни на Евра.