Дома Топ вести Коста го губи трпението – не може повеќе да го чека Атлетико!

Коста го губи трпението – не може повеќе да го чека Атлетико!

Познато е дека Диего Коста ова лето ќе го напушти Челзи, тренерот Конте не смета на него, а напаѓачот сака да се врати во Атлетико Мадрид.

Коста од почетокот на припремите тренира сам, настрана од тимот и чека сигнал од својот поранешен клуб, но Атлетико не покажува намера да ја реши ситуацијата.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пренесува дека напаѓачот го губи трпението и му поставил ултиматум на „јорганџиите“ дека нема да чека уште долго.

Проблем за Атлетико е што не може да регистрира нови фудбалери до јануари, па сеуште не може да најде клуб на кого ќе го позајми напаѓачот до новата календарска година.

Диего Коста сака што побрзо да биде решен неговиот статус и веќе почнал да размислува за други опции, а најсериозен интерес во моментов покажува Милан.

„Росонерите“ внимателно ја следат ситуацијата, се во постојан контакт со неговиот менаџер Жорге Мендеш, но Милан не го сака напаѓачот на позајми напаѓачот до јануари, туку до крајот на сезоната.

Медиумите тврдат дека приоритет на Диего Коста е Атлетико Мадрид, но доколку ситуацијата не се реши за брзо, напаѓачот ќе се согласи на трансфер во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…