Дома Фудбал Италија Костакурта: Милан повеќе нема потреба од Ибрахимовиќ

Костакурта: Милан повеќе нема потреба од Ибрахимовиќ

Легендата на Милан, Алесандро Костакурта смета дека „росонерите“ повеќе немаат потреба од Ибрахимовиќ.

Костакурта ја коментираше битката за титулата и смета дека Милан, Наполи и Интер ќе се борат за Скудетото до самиот крај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сметам дека резултатот од мечот Наполи – Милан нема да биде одлучувачки за титулата, бидејќи двата тима покажаа дека немаат капацитет. Никој нема да се одлепи, трите клуба ќе се борат до самиот крај“, изјави Костакурта.

„Мислам дека Милан повеќе нема потреба од Ибрахимовиќ. Би го задржал уште една сезона, но Милан повеќе не зависи од него. Тоа е голем чекор напред за овој тим. Милан многу напредуваше во последната година“, изјави легендата на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Заврши сагата со Мато!

Според најновите информации што пристигнуваат од Шкотска, Вардар и Хартс постигнале соглас…