Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Одион Игало кој во изненадувачки трансфер пристигна во последниот ден од преодниот рок нема да патува на тренинг кампиот во Шпанија.
Јунајтед ќе патува во Марабела, а поради најновата ситуација со корона вирусот Игало ќе остане во Манчестер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, од кога Игало дојде во Манчестер не се поминати 14 дена, па не е сигурно дали ќе може да се врати во Англија ако ја напушти земјата за помалку од 14 дена од неговото влегување.
„Одион останува во Манчестер затоа што не се поминати 14 дена откако пристигна. Поради ситуацијата во Кина не сме сигурни дека ќе му биде дозволено да се врати во Англија ако ја напушти земјата порано, поради тоа ќе остане да работи со инидивидуален тренер. Секако дека ќе беше убаво да дојде и подобро да се запознае со соиграчите, меѓутоа не сакаме да ризикуваме“, изјави Солскјер.