Дома Фудбал Италија Короната повторно е закана за Серија А: Торино пријави осум заразени

Короната повторно е закана за Серија А: Торино пријави осум заразени

Коронавирусот одново прави проблеми во италијанското Калчо, а најнова жртва е Торино.

Тимот на Торино пријави осум болни и најавија дека со дополнителните тестирања тие бројки можат да се зголемат. Поради ваквата ситуација клубот го одложи тренингот кој требаше да се одржи денес.

Веќе извесно е дека Торино нема да може да го игра мечот со Сасуоло задутре, а под голем знак прашалник е и дуелот со Рома закажан за во вторник.

Ова сигурно се лоши вести затоа што би можеле да бидат најава за нов поголем бран во калчото. Од оној хаос во Џенова на есента се појавуваше по некој заразен, но ваква ситуација со голем број заразени немаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…