Дома Фудбал Останато Короната го „покоси“ ПСЖ: Нејмар, Ди Марија и Паредес позитивни

Короната го „покоси“ ПСЖ: Нејмар, Ди Марија и Паредес позитивни

Ѕвездите на ПСЖ, Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес се заразени со корона вирусот, пренесуваат француските медиуми.

Актуелниот француски шампион ПСЖ синоќа ја информираше јавноста дека двајцата играчи се „сомнителни дека биле заразени со корона вирусот“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Станува збор за Ди Марија и Паредес и тие веќе се предмет на соодветен здравствен протокол, а вирусот најверојатно го добиле на нивните одмори на Ибица. Денес позитивен на корона тест се покажа и Нејмар.

Засега не е познато дали Бразилецот чувствува некакви симптоми, но веднаш бил ставен во изолација.

По последниот натпревар од Лигата на шампионите, тројцата фудбалери заминаа на одмор заедно, а проблем е што се дружеа со Икарди, Херера, Верати и Навас на Ибица, па најверојатно и тие ќе бидат ставени во самоизолација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо проговори за поврзувањето со Реал

По елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, се зборува за потенцијалниот крај…