Дома Топ вести „Кориере дело Спорт“: Наинголан ја прифати понудата од Интер!

„Кориере дело Спорт“: Наинголан ја прифати понудата од Интер!

Италијанските медиуми најавуваат неочекуван трансфер на една од најголемите ѕвезди на Серија А. Раџа Наинголан наводно ги прифатил условите од Интер и спремен е да ја напушти Рома.

Белгиецот кој покрај одличната сезона во Рома остана без Светското првенство во Русија изгледа после големото разочарување се одлучил за голема промена.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Газете дело Спорт“ и уште неколку италијански медиуми тврдат дека Наинголан ја прифатил понудата од Интер, а освен финансиските услови, играчот за врска на Рома е посебно заинтересиран за соработка со Лучијано Спалети кој го предводеше на „Олимпико“.

Италијанците тврдат дека Рома нема да стои на патот, но бара оштета од 40 милиони евра и сигурно дека повеќе би сакале да го продадат во Кина отколку на еден од директните конкуренти.

Од друга страна Интер се мачи со финансискиот фер-плеј и ќе се обиде да издејствува спуштање на цената барем за десетина милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…